6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Некст Тајм на својот настап ја воодушевија публиката – истакнаа знаме од Кутлеш (ФОТО)

Популарното дуо „Некст Тајм“ уште еднаш предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, по својот нов настап, во кој повторно ја освоија публиката.

На својот инстаграм профил, вокалот Стефан Филиповски пее со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш, тема која е актуелна деновиве, откако поради Преспанскиот договор, се повлекува овој симбол од сите јавни места.

Набрзо започнаа реакциите и коментарите, кои како што може да се забележи се крајно позитивни, но и од луѓе во поодминати години, а дел од коментарите се и со поддршка од надвор од Македонија.

„Некст Тајм“ во последниот период направи и неколку преработки на стари македонски песни, кои повторно ги оживеаја и ги вратија на македонската публика.

поврзани објави

Последни објави