24.8 C
Skopje
Sunday, May 19, 2024
spot_img
spot_img

Бременоста променила се: Маж ми има најдобра другарка веќе 10 години – еве што дознав конечно

Мојот маж има најдобра пријателка веќе 10 години. Таа се нудеше да дојде кај нас на одмор, што секако дека јас го спречив и не дозволив да се оствари.

Си допишуваат речиси секој ден, но тоа не ми пречеше многу, затоа што ние сме во Германија, а таа во Македонија.

Секако Боже мој, не верувам дека би можел да ме изневери со неа. Секако дека не ја сакав многу иако тој ми се колнеше милион пати дека нема ништо освен пријателство.

И кога требав да се породам, а имав комплицирана бременост, таа се понуди да дојде и да ми помогне, што секако повторно одбив. По породувањето некако попуштив и дозволив да дојде неколку денови да го види бебето.

Тогаш таа го засака детето, не можам да ви објаснам колку, како да е нејзино. Таа се грижеше за него, внимаваше за се и ми помагаше околу се. Толку беше добра што и јас ја засакав.

Од тој момент верувам дека постојат машко-женски пријателства и веќе не сум нерввозна што си пишуваат речиси секој ден.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави