6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Не сте го знаеле овој трик: Зошто портокалите и лимоните се продаваат спакувани во мрежи?

Досега веќе сте забележале дека портокалите и мандарините кои се продаваат по продавниците секогаш се спакувани во мрежи со црвена боја. Дали некогаш сте се запрашале зошто?

Тоа не е случајно така. Причината за тоа е тоа што портокалите спакувани во црвени мрежи изгледаат позрели и посвежи и се попримамливи за купувачите, објаснил Мартин Линдсторм, автор на бестселерите „Buyology“ и „Randwashed – Tricks Companies Use to Manipulate Our Minds and Persuade Us to Buy“, кој во своите книги го споменува овој трик.

Исто така лимонот и грејпфрутот секогаш се спакувани во жолта и зелена мрежа затоа што во црвена амбалажа ќе изгледаат портокалови.

Фото

Оваа појава се нарекува Мункерова илузија која тврди дека мозокот различно ги процесуира боите во зависност од боите кои го опкружуваат. Во овој случај тоа значи дека мрежата во една боја влијае на доживувањето на агрумот и неговата боја.

Линдсторм во своите книги објаснува дека корпите во продавниците со текот на времето станале многу поголеми, а тоа е така затоа што со поголемите корпи купувачите купуваат дури за 19 отсто повеќе производи.

поврзани објави

Последни објави