20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Македонско-грчките страсти се разгоруваат: „Комити“ не може да одат во Солун!

Вардаровите навивачи  „Комити“ добија забрана за патување во соседна Грција, поточно во Солун на дуелот од фудбалската Лига Европа помеѓу ПАОК и Шалке.

Како што е познато „Комити“ се збратимени со навивачите на Шалке „Ултрас Гелзенкирхен“ и често заедно навиваат на дуели каде што игра Вардар или пак Шалке.

Со оглед на близината на Скопје и Солун, беше планирано поголема група на „Комити“ да патува во Солун, но оваа информација брзо стигнала до надлежните кај нашиот јужен сосед кои експресно реагирале и забраниле било какви гости од Македонија на споменатиот дуел. Притоа на фановите на германскиот тим им е забрането да истакнуваат било каков македонски симбол на стадионот.

Ова е само продолжување и разгорување на страстите, со оглед на тоа што пред неколку година на дуел во Гелзенкирхен токму помеѓу Шалке и ПАОК беше извадено македонско знаме по што настана конфликт. Навивачите на ПАОК се актуелни и деновиве откако со нивните пријатели навивачи на српски Партизан ја навредуваа нашата држава, на што во текот на вчерашниот ден им вратија поддржувачите на прилепска Победа, „Мајмуни“.

поврзани објави

Последни објави