6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Децата врескале од страв: Туристите на плажа здогледаа глетка која ги заледи

Туристи на плажа во Масачусетс, САД во плиткото здогледале перки на голема бела ајкула.

Посебно се вознемириле децата, а мајката на едно од нив, која го снимила и видеото, им зборува да се смират зошто ајкулата нема да излезе на брегот.

„Ова не ти е Шаркнадо“, му рече таа.

Hilarious Woman Scolds Hysterical Children After Great White Shark Cruises East Coast Beach

When a shark estimated to be around 11 feet long took an exploratory trip to the shallows at Nauset Beach, Massachusetts, a few beachgoers went into hysterics. There was a cooler head, however, and she was not impressed with the kids’ reaction. “It’s not coming on the sand,” she told them. “This isn’t Sharknado. What are you doing?”(cc: Atlantic White Shark Conservancy)

Posted by The Inertia on Monday, September 3, 2018

10 работи кои не сте ги знаеле за ајкулите.

1. Има околу 500 познати видови на ајкули кои варираат во големина, форма, исхрана и животна средина.

2. Ајкулите се застапени во водите на секој океан, од плитките соленкасти утоки до длабочини од речиси 3.000 км.

3. Видовите на ајкули варираат од многу мали – со големина на една дланка, како што е на пример ајкулата од видот „Etmopterus perryi“, до многу големи, како што е ајкулата кит која расте до 12 метри во должина.

4. Плоснатите ајкули, уште познати и како морски ангели имаат рамно тело, слично на ражите со кои се тесно поврзани, додека пилоносите ајкули имаат издолжена муцка со заби која што може да биде речиси подеднакво долга колку и нивното цилиндрично тело.

5. Ајкулата од видот „Mitsukurina owstoni“, уште позната како ајкула- гоблин е најстариот и единствениот познат преживеан член на фамилијата „Mitsukurinidae“, која е стара околу 125 милиони години.

6. Првите ајкули еволуирале пред околу 400-455 милиони години, но нивните флексибилни ‘рскавични скелети се многу ретко зачувани, па така има многу малку фосилни остатоци од најраните видови.

7. Фосилизираните дентикули – мали крлушки во облик на заби, кои некогаш ја покривале кожата на ајкулите се најстариот доказ којшто го имаме за ајкулите, иако научниците не се согласуваат за тоа дали дентикулите се доволни за да се класифицира еден вид како ајкула.

8. Неколку работи се карактеристични за една вистинска ајкула, а тоа се: коските на вилицата и жабрените отвори и, за разлика од другите видови на риби, скелетот од ‘рскавица наместо коска.

9. За разлика од рибите кои имаат мочен меур исполнет со воздух, кој им помага во контролирањето на пловењето, ајкулите го користат нивниот голем масен црн дроб како внатрешен уред за пловење.

10. Многу видови на ајкули (исто како и повеќето риби) се ладнокрвни, но некои се топлокрвни, вклучувајќи ја големата бела ајкула.

поврзани објави

Последни објави