fbpx
6.8 C
Skopje

Хаос на улиците во Берн: Српските навивачи тргнаа силно – полицијата стрелаше (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Хаос на улиците во Берн: Српските навивачи тргнаа силно – полицијата пукаше (ВИДЕО)

Вечерва тимот на Црвена Звезда ќе му гостува на Јанг Бојс во натпревар од плеј-оф фазата за пласман во групната фаза од Лигата на Шампионите. Дуелот се игра во Берн.

Според српските медиуми, навивачи на Црвена Звезда, претепале барем едно лице на улиците на Берн.

На снимките кои се појавија на социјалните медиуми може да се види како група навивачи на Звезда напаѓаат група луѓе удираат барем едно лице кое се обиде да влезе во дворот на медицинската установа за одвикнување од наркотици која е во непосредна близина.

Набрзо по ова интервенираше и полицијата, а наводно еден од полицајците во цивилна облека кој може да се забележи на видеото пука во воздух со цел да ги натера навивачите на Звезда да се повлечат и да престанат со тепачката.

https://youtu.be/uVWAmQsuDzQ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -