Еден гест денес “ме стопи”. На 34°С додека чекав автобус кај Тобако2, притрча до мене едно мало девојче и сосема искрено, вешто и сериозно ме праша: Да не сакате малку лимонада да се освежите?
Останав запрепастена. Збунета, со погледот кој луташе час кон неа, час кон улицата да не дојде автобусот, само промрморев: Не, не благодарам.
Само погледнав кон местото каде што се враќаше: мало масиче и уште две девојчиња на 8-9 години седеа по сенка, а покрај нив шишињата и чашките со подготвена лимонада, на готовс, да помогнат на истоштените минувачи.
Не, не, си реков во себе, ова не се случува кај нас!?! Господе боже, сепак има надеж! Во младите е иднината! Браво за тие што ги воспитуваат!
Фејсбук статус на Виолета Цветковска
Еден гест денес "ме стопи".На 34°С додека чекав автобус кај Тобако2, притрча до мене едно мало девојче и сосема искрено,…
Posted by Violeta Cvetkovska on Wednesday, August 21, 2019