4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Стефанова откри дали се гледа како наследник на Јанева

Обвинителката Лиле Стефанова доби прашање од новинарите дали има намера да ја замени Катица Јанева, односно дали ќе конкурира за таа позиција.

-Ниту претендирам, ниту ќе конкурирам за замена на Јанева. Истрагата за „Империја“ застана по донесување на начелното правно мислење и ќе повторам, нема друг решение, освен час поскоро да се донесе законот за Јавно обвинителство. Политичарите мора, во овој момент да си ја преземат одговорноста“, изјави Стефанова.

Стефанова рече дека што се однесува до Орце Камчев не знае каде е во моментот и нема овластување да побара.

– Потребно е побрзо донесување на законот за Јавно обвинителство за да може да преземе нешто од дејствијата на СЈО – кажа Стефанова.

поврзани објави

Последни објави