Никола Секулов, фудбалерот кој настапуваше за Македонија, но реши да ја промени репрезентацијата, отвори ново поглавје во својата кариера и потпиша професионален договор со италијанскиот калчолигаш Јувентус.
17-годишниот Секулов кој е по потекло од Струмица важеше за голема иднина на мак-фудбалот, но поради несогласувања со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реши да го искористи правото да игра за Италија, земја во која е роден.
Младиот фудбалер од средиот ред со неверојатна техника и визија за фудбалот настапуваше за младинските категории на Јувентус, а сега направи голем чекор напред во кариерата, па потпиша професионален договор со „бјанконерите“.
Повеќе: Почнува пријавувањето за „Скопје трча 10К“
Од денес стартува пријавувањето за трката „Skopje Run 10K“ која ќе се одржи на 6 октомври. Тие кои ќе се пријават во текот на денешниот и утрешниот ден ќе може да го одберат својот стартен број.
Исто како и претходно, на агендата се две трки и тоа трката на 10 километри и штафетната трка од два пати по 5 километри.
За повеќе информации за „Skopje Run 10K“ посетете ги официјалните канали за комуникација: http://www.skopje.Run и https://www.facebook.com/SkopjeRun.