4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Охридската гордост Марко ќе плива 64 километри за да ја разбуди свеста кај политичарите

Се сеќавате ли на 12. годишниот Марко Пејчиновски, херојот кој го преплива Охридското езеро? Гордоста наша годинава има нов цел. Ќе плива од Охрид до Св. Наум преку Струга и назад во Охрид.

Својата лична битка овој пат ќе ја посвети за повисоки цели, а ќе ја води на денот на големиот празник Голема Богородица. Статусот на Марко го пренесуваме во целост:

„Ќе пливам за лицата со ретки болести, за да се подигне свеста за нивното место и третман од и во општеството. Ќе пливам искрено и од срце, со љубов, од еден од ‘ретките’ за сите останати ‘ретки’, за тие да станат повидливи, поприфатени, односно да бидат неразделен дел од нашето секојдневие. Зашто сите имаме ист дом, дишеме ист воздух, живееме под исто Сонце. Зашто сите сме исти пред Бога, зашто е цело кога има сѐ! И цело е кога не го затвораме очите пред ‘реткоста’ туку гледаме свесно и со широко отворени зеници. Со срце за ‘ретките“, вели Марко за порталот „Охрид њуз“.

Ова значи дека Марко пред себе си постави голем предизвик со исклучително хумана цел – да го сврти вниманието на јавноста, а пред сѐ на политичарите, кон лицата со ретки болести кои секојдневно бијат маратонски битки и се соочуваат животозагрозувачки пречки. Марко ќе биде гласот на овие луѓе, кој на 28 август ќе се претвори во крик за поддршка на лицата со ретки болести и подобрување на нивниот статус во општеството, а пред сѐ на здравствената грижа за нив.

поврзани објави

Последни објави