Станија Добројевиќ само неколку денови по завршувањето на Задруга 2 замина за Америка, воопшто не грижејќи се затоа што го остави својот дечко. Марко Марковиќ.
Судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, нивната врска и понатаму трае, а двајцата ќе влезат и во третата сезона на споменатото реално шоу.
Станија редовно објавува фотографии од Њу Џерси, а последната објава ги збуни тотално нејзините фанови, кои останаа без коментар.
Старлетата објави фотографија на која се гледа многу облека за бебе, па нејзините фанови веќе се запрашаа и дали Станија е трудна?
Таа на ова прашање не одговори, ниту потврди, ниту пак демантираше, па засега не е јасно дали ова го купила за себе и своето бебе или пак како подарок на некоја блиска личност.