Популарниот пејач Аца Лукас не остана должен на коментарот на Јелена Карлеуша за децата на неговата пријателка Светлана Ражнатовиќ Цеца. Синоќешниот настап на белградскиот фестивал Music Week, на кој дојде со новата девојка, пејачот го искористи да со една реченица потсети на страстите по повод интернет кавгата со Јелена Карлеуша на Инстаграм.
Ајде за нешто друго да зборуваме. Нема да дадеме повод за никаква расправа, што имав да кажам, кажав. Кој ги дира моите пријатели, кој ги дира нивните деца, е исто како да ги дира и моите деца, рече тој алудирајќи на доскорешната пријателка Јелена Карлеуша, со која заедно го снимија дуетот „Bankina“.
Потсетуваме, не така одамна насловните на српските магазини беа исполнети со слики од пејачката Цеца Ражнатовиќ и нејзиното семејство, ќерката Анастасија, Вељко и снаата Богдана Родиќ, на прославата на еден српски бизнисмен. Ова не и избега од очи на пејачката Карлеуша која пишувањата на медиумите ги искористи за да и се обрати уште еднаш на „ривалката“ Цеца. Таа на Инстаграм напиша:
Само во банана држава каква што е Србија можете да прочитате воспевања за криминалци, романтични текстови за нив, пејачи кои им пеат на родендени и свадби, за тоа што се јадело, што се пиело и слично. Се додека најлошото се промовира во медиумите, образованите млади луѓе ќе бегаат надвор од Србија.
Набрзо на овој коментар на Карлеуша даде одговор и нејзиниот колега и довчерашен соработник во популарното шоу Ѕвездите на Гранд Аца Лукас.
Не знам зошто некои луѓе се бунтуваат и спомнуваат банана држава, кога баш тие се најголеми љубители на банана. Јецо, меѓу останатите и јас бев гостин на мојот драг пријател и многу успешен бизнисмен. Колку што знам трговијата со нафта не е забранета нигде во светот. А и за користење. Или пак можеби твојот автомобил оди на масло? Треба да внимаваш кога ги искажуваш своите фрустрации во однос на некои личности, бидејќи испаѓаш многу контрадикторна. Држи се ти до оваа банана држава, бидејќи само овде во ваква држава може да се трпат твоите испади и будалаштини. Да знаев дека ова толку многу ќе те погоди, ќе му речев на пријателот и тебе да те покани на роденден, напиша Лукас и додаде дека таа ги претерала сите граници.
Потоа на Инстаграм повторно се јави Јелена Карлеуша која го праша Лукас зошто не и се јавил да и каже што има, бидејќи има нејзин број. Потоа му рече дека „тие луѓе не се пријатели“, по што ја поткачи и ќерката на Цеца која го лајкнала коментарот на Аца.
Гледам дека ова лошо оперирано младенче ти става среќни коментари на ова. Што ќе прави мутава со харизма на згазена мачка.