Рускиот претседател Владимир Путин денеска одговараше на прашања од граѓаните, поврзани со ситуацијата во земјата и меѓународната политика, како и за неговиот приватен живот.
Она што гледачите особено ги интересираше е односот на претседателот со неговите внуци, па едно прашање гласеше “Кој совет Путин би им го дал на внуците”. Путин изјави дека ги советува да не лажат.
Луѓето прашаа што прави Путин кога ништо не работи. Тој кажа дека кога не знае што да прави, продолжува да го бара вистинското решение.