Денес, во владината делегација која ја пречека српската премиерка Ана Брнабиќ немаше ниту еден министер кој доаѓа од редовите на партијата ДУИ. Како што пишува порталот Мактел, од владата велат дека не се работи за бојкот на Брнабиќ, туку биле присутни министрите кои требало да потпишат меморандум и договори и сосема случајно немало ниту еден Албанец во владиниот тим кој ја пречека премиерката на Србија.
Српската премиерка пред неколку недели дала изјава дека Албанците се симнати од шумите, па може тоа да придонело за овој исход да нема ниту еден Албанец од владата која и посака добродојде во Скопје.
Но, за разлика од албанските политичари, премиерката доби и прашање од албански новинар кој на себе носеше маичка на која пишуваше literalyjustmergedfromthewoods што во превод би значело буквално само што се симнав од шумите.