Познатата авио-компанија „Катар ервејс“ од 17 јули годинава ќе започне да спроведува директна линија на релација Скопје-Доха и обратно, а неделно ќе има по четири летови.
„Оваа услуга ќе се изведува четири пати во неделата, а ќе претставува продолжување на нашата глобална мапа која ги поврзува туристите и бизнис парнерите од и до Македонија“, изјави извршниот директор на „Катар ервејс“, Акбар Ал Балер.
Летовите од Скопје кон Доха ќе се закажуваат понеделник, среда, петок и недела.