Полубратот на севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, почина на 45 годишна возраст во Малезија. Според првичните информации полубратот на лидерот на Северна Кореја бил отруен.
Како што пренесува „Дејли мејл“ тој бил отруен од страна на две жени убијци, за кој се верува дека се агенти на Северна Кореја. Инцидентот се случил на аеродромот „Каула Лампуру“. Како што пренесуваат медиумите, жените веднаш со такси избегале од местото на злосторството.
Ким Џонг Нам најпрво се онесвестил на аеродромот, а на патот кон болницата го загубил животот.