fbpx
15.8 C
Skopje

Реткост на денешницата: Нашол торба со 50. 000 евра и ја вратил на сопственикот

АКТУЕЛНО

Југослав кој работи како ноќен чувар во едно кафуле во Баново брдо, таа ноќ како и сите рпетходни, кога пристигнал на работното место, проверил дали е се во ред со локалот.

Додека проверувал дали локалот е осветлен, пронашол оставена торба. Ја зедов торбата, ја отворив и кога видов колку многу пари има во неа, повторно ја затворив и ја ставив внатре за да проверам дали можеби нема и нешто друго во неа. Кога погледнав повторно, не можев да им верувам на своите очи. Имаше премногу пари. Пријавив дека е заборавена, а кога сопственикот се врати по неа, на брзиана почна да ги брои парите, по што се заблагодарил и заминал.

Откако добил само скромно „благодарам“, а никаква награда за неговата љубезност и искреност, но и човечност, коментарите на луѓето се поделени. Дел од нив го критикуваат сопственикот на торбата, други велат дека тоа е нормално. Југослав пак нема дилема дека постапил правилно.

Со овој потег Југослав ја врати вербата и надежта дека постојат добри и чесни луѓе.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -