Популарниот магазин „Плејбој“ најави дека ќе ги врати разголените девојки на својата насловна страна, после скоро една година откако ги исфрли.
„Плејбој“ ги сруши сите рекорди на продажба во последните 50. години со своите провокативни насловни страни, а во март 2016 ги повлече со цел да го подобри имиџот на својот магазин.
Купер Хефнер, синот на основачот Хју Хефнер и креативниот директор, изјави дека „повлекувањето на разголените фотографии беше грешка“.
„Перверзноста никогаш не била проблем, затоа што таа не е проблем. Денес го враќаме својот идентитет“, изјави Купер Хефнер.
— Cooper Hefner (@cooperhefner) February 13, 2017