fbpx
4.8 C
Skopje

Политичарот што жалеше што неговата земја ја призна Македонија, вечерва претрпе гром во авионот со кој тој леташе

АКТУЕЛНО

Големото невреме кое ги зафати Словенија, Хрватска и БиХ можело да биде фатално за министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, пренесуваат медиумите од Балканот.

Дачиќ летал над Љубљана кога во авионот удрил гром околу 22:50 часот. Ударот предизвикал паника, но среќа е што нема потешки последици од овој инцидент.

Ивица Дачиќ е познат на македонската јавност како личност која имаше серија скандалозни изјави поврзани со Македонија.

„Србија направи голема грешка поради тоа. Цела Европа и цел свет го користат називот „Поранешна Југословенска Република Македонија“, а ние на нашите браќа Грци им удривме шамар и сега очекуваме од Грција да не го признае Косово, додека пак Македонија ја признавме навредувајќи ги Грците, а сега Македонците секогаш гласаат за Косово. Јас морам да кажам дека сме будали, еве ќе употребам недипломатски израз“, изјави пред одреден период Дачиќ.

Говорејќи дека се работи за политика на реципроцитет, Дачиќ исто така додал дека „едвај чека кога во меѓународните односи ќе се појави некој став кој е важен за Македонија или Црна Гора, па тогаш да се види како Србија ќе се постави по однос на тоа“.

„Јас не говорам дека сега ние ќе преземеме нешто против Црна Гора или Македонија или Хрватска, јас само говорам за нашиот однос кон нивните барања кога тие ќе бидат на дневен ред, а инаку за нашите билатерални односи, тоа нема никаква врска. Се работи за нашиот територијален интегритет“, заклучил шефот на српската дипломатија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -