Здраво на сите пријатели добронамерници. Дали ги гледате вашите и другите деца дотерани, насмеани, среќни, весели, со нова облека како се фотографираат на почетокот на учебната година? Дали вие како родители ги испративте до училиштето и ги опсипавте со внимание, храброст, честитки, гушкање, желби за подобро утро…? Да? Е на братчето и сестричето од кумановското село Степанце тоа никој не им го направи. Тие самите во оскудната гардероба која најчесто е донација и не е ниту за нивна возраст ниту некогаш купена за нив сами отидоа во локалното училиште стискајќи се и плашејќи се што ќе биде УТРЕ и како ќе се снајдат во предстојната зима?
Овие две мали дечиња од кое едното е шесто оделение а другото (девојчето) е деветто оделение живеат во апсолутно катастрофални услови со својот 70-годишен татко кој едвај сам за себе се снаоѓа без можност некако да им помогне.
ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ СИ И СО БОГА! Нивната мајка е одамна почината по што почнува тешкиот живот кој им го уништува детството секој ден. Немаат храна! Немаат облека! Немаат прибор за на училиште! Немаат огрев! Немаат пристоен дом за живеење! Немаат никаква помош од никаква институција ниту пак некое лице!
Имаат потреба од нашата помош! Ќе ве замолам кој може со било каква донација да помогне! Да помогнеме луѓе на едни дечиња кои имаат премногу грижи за едно детство кое ете некогаш знае да биде сурово. Следува државен празник, 8 септември, јас со неколку пријатели ќе одам кај нав, како и до сега кога можевме го правевме тоа многу пати…
Пишете јавете ми се со цел да покажеме дека сме свесно и совесно општество, ОПШТЕСТВО ЕДНАКВО ЗА СИТЕ!
Фејсбук статус на Жарко Василевски.
Здраво на сите пријатели добронамерници,Дали ги гледате вашите и другите деца дотерани, насмеани, среќни, весели, со…
Posted by Zarko Vasilevski on Monday, September 2, 2019