16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Палмер: Правната држава мора да функционира, времето на партиските игри да се избегне одговорноста е завршено

Специјалниот претставник на САД за Балканот, на средбата на маргините на Бледскиот стратегиски форум се сретна со првиот човек на македонската дипломатија Никола Димитров и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Правната држава мора да функционира, а времето на партиските игри и обиди да се избегне одговорноста е завршено. Местото на Северна Македонија е во НАТО и ЕУ, подвлече Палмер на средбата.

На средбата, како што соопшти МНР, фокусот на разговорите беше ставен на динамиката на процесот на зачленување на Северна Македонија во НАТО и севкупното значење од интегрирањето на земјата во Алијансата, како и отпочнувањето на преговорите со ЕУ, за регионот и пошироко. Беа разменети мислења и за внатрешно политичките актуелности во земјата, а се разговараше и за случувањата во соседството.

Северна Македонија постави пример во решавањето на политичките прашања и отворањето на подобри перспективи за своите граѓани. Криминалот и неговите протагонисти ќе бидат казнети без исклучок, неказнивоста во земја членка на НАТО со европска иднина, не е опција, е истакнато на средбата.

Шефот на дипломатијата Димитров од своја страна рече дека „НАТО промовира стабилност и во време на неизвесност, мудро е да го забрзаме процесот на интеграција за да го зацврстиме регионот и да го прифатиме своето европско ветување”.

Шекеринска се заблагодари на конзистентната поддршка од САД за членството на нашата земја во ЕУ и НАТО и потенцираше дека владата нема да дозволи ништо да застане на патот на интеграциите во НАТО и ЕУ.

Оваа генерација политичари го направи чекорот за својата земја, го обезбеди членството во НАТО и го заслужи почетокот на преговори со ЕУ следниот месец. Тоа е патот по кој одиме, каде нема место за калкулации со одговорноста. Предметите на СЈО ќе имаат пресуди, секој што се огрешил пред Законот ќе одговара, без исклучок, рече Шекеринска.

поврзани објави

Последни објави