11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

СДСМ: Новата Влада ќе го реши проблемот со екстремното заганување

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денес со сооштение најави дека новата Влата, сериозно ќе се зафати околу решавањето на проблемот со екстремното загадување, кое е опасност за сите граѓани.

„Новата одговорна влада предводена од СДСМ сериозно ќе се зафати со решавање на проблемот со екстремното загадување, кое е опасност за сите граѓани во Република Македонија.

Последните податоци според кои Скопје Тетово и Битола се во 10-те најзагадени градови во Европа, уште еднаш ја докажа несериозноста на Владата во заминување за решавање на проблемот со загадувањето. Власта во заминување која ги опустоши зеленилата во урбаните средини и на нивно место градеше згради заради остварување лични профити ја наруши циркулацијата на воздухот и ја направи Македонија опасна место за живеење.

Последната мерка за бесплатен автобуски превоз која беше повлечена после само 48 часа, покажа за какви несериозни политичари станува збор. На Скопје и на Македонија и се потребни сериозни решенија за решавање на проблемот со загадувањето.

СДСМ во Планот за живот се обврза на спроведување долгорочни мерки кои ќе го намалат енормното загадување. Меѓу најприоритетните мерки ќе биде гасификацијата на Скопје, и други градови, субвенционирање на обновливи извори на енергија и греење за граѓаните, субвенции за поставување филтри кај големите загадувачи и и зголемување на зелените површини во градовите.
Токму затоа итно е потребна нова одговорна Влада која ќе работи во служба на граѓаните и нивното здравје.“, стои во соопштението на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави