Родителите бараат од локалните власти веднаш да биде разрешен професорот односно да се побара негова смена.
Професор од Мексико е обвинет дека ги прекршил човековите права и дека ги понижил своите студенти бидејќи ги натерал во текот на испитот да носат картонски кутии на главата. Професорот Луис Суарез Тексис тврди дека сакал да спречи студентите да не препишуваат.
Фотографијата е објавена на социјалните мрежи, а родителите на учениците веднаш излегоа со реакција.
– Тоа е чин на понижување. Тој професор не е професор, бидејќи ги малтретирал нашите деца физички, но и психички. Упатуваме апел до државните институции и власти веднаш да му дадат отказ на професорот и тој да биде отпуштен од работа. Правата на учениците мора да бидат осигурани, затоа властите мора веднаш да реагираат, пишуваат родителите на учениците.
Фотографијата е објавена претходната недела и досега привлече огромно внимание на социјалните мрежи.
Слична идеја имаа и професори кои во 2013 година, на учениците во текот на испитот им наложија да носат „кацига од хартија“, со што им беше попречен погледот кон нивниот соученик.