fbpx
24.8 C
Skopje

Британскиот премиер го изгуби мнозинството во парламентот

АКТУЕЛНО

Владата на Британскиот премиер Борис Џонсон го изгуби мнозинството во парламентот бидејќи пратеникот Филип Ли, кој го обезбедуваше мнозинството во пратеничката група на Џонсон, премина во опозициската Либерално демократската партија.

Конзервативната влада продолжува на агресивен начин да го тера Брегзит со штетни последици кон Велика Британија. Со овие постапки, тие го загрозуваат животот и интегритетот на Велика Британија, рече Ли, по што премина во опозициските редови на парламентот кој денеска по летната пауза продолжи со својата работа.

Џонсон претходно во изјава за медиумите истакна дека му е ветено на народот дека Брегзит ќе се спроведе до крај.

Брегзит е одложуван во неколку наврати, а последниот рок за излегување на Велика Британија од ЕУ е на 31 октомври.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -