fbpx
15.8 C
Skopje

Луѓе бидете претпазливи: Се хранел со чипс, помфрит и леб – останал слеп и глув

АКТУЕЛНО

Тинејџер кој се хранел само со чипс, помфрит и бел леб го загубил видот и слухот. Причината за таквата појава е недостатокот на витамини и минерали.

Како што пренесува „Скај Њус“, млад дечко од Бристол за прв пат на лекар отишол на 14 години, затоа што бил уморен. Тестовите покажале дека му недостига витамин Б12 и дека има анемија.

Лекарите му напишале дијагноза на младиот, кој требало да прими инјекции Витамин Б12 и совет за начин на исхрана, но кога се вратил за една година подоцна, веќе слухот и видот му биле оштетени. На 17 години, младото момче останало без вид и слух.

Тогаш им признал на лекарите дека избегнувал од основно училиште храна и јадел само помфрит, чипс, бел леб, шунка и виршли. Лекарите после детални прегледи утврдиле дека има недостаток од витамини Б12 и Д, како и бакар.

-Лошата исхрана предизвикува кардиоваскуларни болести и рак, а може да го оштети и нервниот систем.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -