fbpx
24.8 C
Skopje

Во мало село дури 250 брачни парови имале близнаци: Феноменот е мистерија, збунети се и генетичарите

АКТУЕЛНО

Индиско село има околу 2.000 семејства. Од нив дури 250 брачни парови добиле две деца по само едно породување. Доаѓањето на близнаците на свет денес е ретка појава. Се верува дека веројатноста некој да добие близнаци е 90 спрема 10 %. Меѓутоа, тоа не е случај и во селото Колинда во Индија.

Таму, од 2000 семејства, дури 250 брачни парови имаат близнаци. Тоа е и официјално најголемиот процент што се однесува на овој сегмент.

Селото Колинда е многу слично на другите села во регионот, но многу луѓе се збунуваат кога ќе слушнат дека има многу повеќе близнаци отколку на другите места. Селото го привлече вниманието на јавноста во 2009 година кога според официјални податоци биле родени околу 500 близнаци.

Докторот Кришнан Силвија смета дека во тоа подрачје ги има многу повеќе. Дали е до луѓето или пак до подрачјето?

Фото

Овој феномен е голема мистерија. Голема е веројатноста, истотака, жените кои се мажат во други села, да имаат близнаци. Некои од научниците ја изнесуваат тезата дека раѓањето на близнаци е поврзано со загадената вода, но сепак Доктор Силвија вели дека не верува во една таква приказна, бидејќи постојат многу села каде што водата исто така е многу загадена, а каде што процентот на раѓање на близнаци е значително помал.

Генетичари од Индија, Германија и Велика Британија проучувајќи ја ДНК сакале да откријат како тоа е можно во толку мало место да има толкав раст на раѓање на близнаци. Спрема нивните истражувања, во предвид е земена генетиката, биомолекуларните и метеролошки фактори, но не и загадувачите за кои некои тврдат дека влијаат на самиот процент.

Исхраната, пијалоците и начинот на живот е сличен како и оној на селаните од другите села, така да ни некоја посебна супстанца не е причина за раѓање на две бебиња истовремено.

Во селото наставниците се навикнати на ваквата ситуација, иако велат дека повремено имаат проблем да ги разликуваат и идентификуваат нивните ученици близнаци.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -