13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Петар Богојески: Љубоморен сум на Заев поради тоа што ни го лапна Коста Петров од нашиот тим

Некогаш заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески кој беше дел од таканареченото реформаторско крило на партијата ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески на својата фејсбук страница го честита изборот на Коста Петров за потпретседател на СДСМ и пишува дека му е жал што Заев успеал да им го лапне од рацете на вмровците.

Коста Петров, прво честитки на изборот за потпретседател на СДСМ! (закаснето со причина!)

Не ти честитав од љубомора, но не на тебе, туку на Заев, што успеа да те мобилизира, а ние не успеавме да те имаме во наш тим!!! Закаснивме и жал ми е, а на тебе ти посакувам голем успех, во се што ќе правиш понатаму во животот… знам дека ќе биде чесно и посветено!

Љубомората сеуште ме држи, но не можам да ги поднесам овие тенденциозни избливи на љубомора, поплавени со омраза кон тебе, од страна на мои сопартијци и нивни идеолошки браќа од СДСМ, чеда на црвената аристократија! Тие ништо не направиле во нивните животи! Се им е поклонето! Затоа те мразат! Остави ги! А вие хејтери засрамете се!

Коста, иднината на Македонија е во рацете на момци како тебе, кои започнале од ништо, без вујко владика, а направиле империја со сопствени две раце!!!
Те запознав за време на реформите во ВМРО ДПМНЕ, твоите совети до денес ги помнам, ти благодарам на нив!

П.с. Ќе пукнам од мака што те лапна Заев!“, напиша на својата facebook страна Петар Богојески.

поврзани објави

Последни објави