13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Херој на денот: Инструкторот пилот падна во несвест, ученикот го презема кормилото на авионот и се обрати на оперативната аеродромска контрола

Австралискиот ученик Макс Силвестер кој има 29 години, бил на обука за управување на мал авион, а на која се покажал одлично откако неговиот инструктор се онесвестил.

На младиот Макс ова му било прв лет во ваков тип на авион, а неговата сопруга и неговите три деца го гледале од земја. Навидум, се било многу едноставно, но за жал на инструкторот му се слошило, па Макс морал сам да го преземе кормилото на авионот. Аудио снимката од неговиот разговор со контролната служба од аеродромот покажува дека младиот Макс бил неверојатно смирен и ладнокрвен кога разбрал дека неговиот инструктор изгубил свест.

– Знаете ли да управувате со авионот, го прашале од контролната служба, на што тој одговорил – ова е мојот прв лет. Контролот го наведувал да кружи над аеродромот се додека не му ја објасни добро постапката за слетување на авиончето. После некое време Силвестер успешно слетал и успеал да ги воодушеви вработените во контролната служба и сите присутни со својата смиреност при слетувањето.

поврзани објави

Последни објави