fbpx
24.8 C
Skopje

Министерот објави застрашувачка видео снимка од својата куќа: Бранови од 6 метри удираат во прозорците

АКТУЕЛНО

Најсилната бура во историјата ги погоди Бахамите.

По минувањето на ураганот Доријан, со налети на ветер дури до 320 км/час, куќите се без покриви, а цели населби потполно под вода.

Националниот центар за урагани објави предупредување за делови од Бахамите поради зголеменото нивно на вода кое допрва би можело да доведе до катастрофални поплави.

Колкава е опасноста покажа и министерот за земјоделство Мајкл Пинтар. Од својата куќа објави снимка на која се гледа као водата ја опкружила куќата.

Мебелот веќе плива во вода, а брановите кои достигнуваат до 6 метри удираат во прозорците навестувајќи уште поголема непогода.

Ураганот Доријан моментално се наоѓа над Бахамите и се очекува во тоа подрачје да се задржи и денеска пред да почне полека да се приближува кон американскиот источен брег, каде почнаа првите евакуации.

Ураганот моментално е проследен со ветрови со јачина од 249 километри на час, а ослабна во категорија четири, но ќе биде многу силен и во наредните неколку денови.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -