Осумнаесетгодишниот Бојан Димитриевски веќе една година е целосно неподвижен по сообраќајната несреќа која му го промени животот.
Овој млад човек упати апел до сите кои можат да му помогнат повторно да застане на нозе.
Јас Бојан Димитриевски на 23.08.2018 год.на 17 годишна возраст по тешка сообраќајна несреќа не по моја вина се здобив со тешка повреда на рбетниот мозок (QUADRIPLEGIA- одземеност на раце и нозе) при што останав целосно неподвижен. Oд тој миг ми се смени животот, моите соништа застанаа тука. По долготрајни терапии и вежби низ центрите во Македонија и Србија имав многу мал незначителен напредок. Затоа по консултации со лекари од клиниката ,,Neurovita” во Москва- Русија ни дадоа надеж дека со лекување со матични клетки може повторно да застанам на моите нозе. За таа цел потребно е да ми направат 10 третмани. Моето лекување ќе опфати повеќе кратно одење за Москва-Русија.За ова ќе имам потреба од придружба со моите родители, бидејќи сам не можам. Првото одење ќе чини 28.000 евра истото ќе се состои од комплетен преглед и започнување со третман со матични клетки. Интензитетот на одењето во Москва-Русија ќе зависи од резултатите кои што ќе ги покажам. Моето семејство не е во можност да ги подмири трошоците за моето лекување. Барам помош од СИТЕ ХУМАНИ ЛУЃЕ.
Ви благодарам од срце.
Со почит Бојан Димитриевски. *Броеви за донации: Телеком: 070 143-414/ Вип(A1): 143 550 Трансакциска сметка: 200003373418462
За донации од странство : SWIFT: STOBMK 2X
EUR: MK07200003376775050 USD: MK07200003376787660 CHF: MK07200003376781355
Јас Бојан Димитриевски на 23.08.2018 год.на 17 годишна возраст по тешка сообраќајна несреќа не по моја вина се здобив со…
Posted by Бојан Димитриевски on Tuesday, September 3, 2019