fbpx
15.8 C
Skopje

Богојески најавува формирање на нова политичка платформа „Македонски концепт“ која ќе создава богати граѓани

АКТУЕЛНО

Активистот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески најавува формирање на нова политичка платформа „Македонски концепт“ чија цел ќе биде создавање на богати граѓани. Тој во изјава за Фокус објаснува дека тоа е можно само со владеење на правото и без заборавање и без простување на минатото.

Клучна понуда во “Македонскиот концепт” е постигнување на благосостојба во општеството, односно богати граѓани. За тоа се потребни создавање на нужни услови како владеење на правото и безбедноста, но не може да биде заборавено и “простено минатото”. За таа цел мора да се понуди “План за обесштетување” на граѓаните од тридецениската пљачка. Ограбени преку приватизација, невработеност, прислушувања и киднапирање на чесно стекнати бизниси и имоти, избркани млади низ светот, наместени судски одлуки, Телеком, ЕВН, Окта, водоводи, банки, граѓаните имаат право на обесштетување! Ако тоа бара сериозни потреси во општество, пад на цели елити и промена со нови свежи образовани кадри, тоа и ќе се направи. Сè во име на силна македонска државност. Ниту едно бандитско здружување не може да биде посилно и со поголеми капацитети од институциите на Републиката!, дециден е Богојески.

Тој вели дека платфромата ќе обединува поедници, организации и партии кои ќе имаат една заедничка идеја.

Преку примоцијата на таа платформа или политичка програма, ќе се овозможи обединување на поединци, организации и партии, со една заедничка идеја – унапредување на македонското општество и држава. Во овој момент голем број политички активисти од различна етничка, религиозна или партиска определба, работиме на квалитетна понуда, вели Богојески.

Целиот текст прочитајте го на Фокус

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -