fbpx
15.8 C
Skopje

Соработниците на Христијан Мицкоски излегоа од притвор: Димовски и Митровски се на слобода

АКТУЕЛНО

Дејан Митровски и Димитар Димовски вчера го напуштиле истражниот затвор Шутка, откако им е укината мерката притвор, наместо во затвор, процесот за случајот „Шпански скали“ ќе го чекаат дома, објави Сител.

Митровски и Димовски беа приведени на крајот на јуни по кривичната пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања и несовесно работење во службата.

ВМРО-ДПМНЕ за овој случај вели дека е политичка пресметка која ја води СДСМ. Во меѓувреме претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика на обединување и рече дека на месеци од сега не чека денот кога ќе се соочеле со граѓаните и кога ВМРО-ДПМНЕ треба да ги обедини сите граѓани во Република Македонија, под знамето на Република Македонија и со бајракот на ВМРО-ДПМНЕ на гради, а тоа ќе биде големата победа на предвремените парламентарни избори.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -