Убавата глумица Памела Андерсон максимално се прослави со својата улога во филмот „Чувари на плажа“, каде ќе биде заменета од помладата Кели Рорбач.
Филмот е во продукција на Двејн Џонсон, кој ќе го глуми и ликот на Мич Бјукенон, додека Рорбач ќе биде популарната Си Џеј Паркер. Останува да се види дали ќе успее да го достигне нивото на Андерсон.
Рорбач е родена во 1990 година, има височина од 1,75 метри и многмина веруваат дека ќе успее достојно да се справи со главната улога и ќе успее да ги заштити загрозените луѓе на плажите.
Во својата кариера, меѓудругото има улога и во серијата „Два ипол мажи“. Од љубовниот живот, последно ја одбележа шестмесечната врска со Леонардо ди Каприо, која беше прекината минатата година.