Денес е во прашање опстанокот на ЕУ на највисоко ниво. Можеби на вас тоа ви изгледа невозможно. Но секоја европска идеја се завршувала со голема војна. Значи, ние денес имаме отворени изјави на водечките земји на членките на ЕУ дека нема простор за проширување на ЕУ.
Тоа што ќе биде за 30 години од сега е исто како да им кажете на вашите деца, кога ќе пораснеш ќе го добиеш тоа и тоа. На нас нема што веќе да ни се ветува, бидејќи пораснавме. Не само што пораснавме, туку и ќе умреме чекајќи на ЕУ, рече Дачиќ.
Оној кој во Турција ги започна преговорите мислам дека веќе умрел, додаде тој.