fbpx
24.8 C
Skopje

Кандидатката за претседател Силјановска Давкова најмногу жали за една работа – поврзана со 8 септември

АКТУЕЛНО

Да ни е вечен „ 8-МИ Септември“, Денот на Суверена и Независна Република Македонија! Почит за Глигоров, Андов, Кљусев, Гошев, Алити, пратениците од првиот состав на Собранието, а најмногу за граѓаните на Република Македонија за мудро и мирно извојуваната независност, легално и легитимно.

Постреферендумската радост на плоштадот Македонија и денес ме вознемирува до солзи со јасната порака: „Ние, НАРОДОТ “

Републиката за која генерации Македонци сонувале, се бореле и умирале, блесна во традиционалното свечено, црвено-црно-жолто руво.

„8-ми“ Септември е неизбришлив дел од мојот, од нашиот, македонски идентитет без разлика дали сме тука или надвор!

Жал ми е што не можам да дојдам на „Школка“, но не ги препознавам ниту боите, нити името на МАКЕДОНСКАТА РЕПУБЛИКА.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -