fbpx
15.8 C
Skopje

Самохрана мајка служела постара госпоѓа на шалтер, кога и платила – солзите сами започнале да течат

АКТУЕЛНО

Не можела ниту да помисли дека овој клиент ќе и го промени животот! Не ги криеше солзите.

На самохраните мајки не им е лесно, сами ги одгледуваат децата без мажи, работат и жртвуваат се за подобра иднина на своите деца. Често немаат на кого да се потпрат и често поради многу работи се занемаруваат себе и своите потреби.

Радио станицата KDEC FM 100.5 неочекувано се појавила во Мек Доналдс во Америка каде што ги интервјуирале вработените. Радио водителот исто така прашал една од вработените ка ќе го помине Божиќ и што планира за одмор.

Оваа жена искрено одговорила дека и тешко и дека не планира одмор затоа што сака собере доволно пари за својата ќерка и да и ги разубави празниците. изјавила дека и е тешка финансиската состојба.

Оваа самохрана мајка не можела ниту да сонува дека ќе биде израдувана на овој начин.

Останала без зборови: Тинејџер и купил автомобил на својата самохрана мајка

Вилијам Престон (13) од Невада долго време штедел пари за да купи автомобил за својата самохрана мајка и да и помогне кога мислела дека работите не можат да бидат полоши.

Вилијам живее со самохрана мајка, брат и сестра, а мајка му се мачела, бидејќи немала автомобил. Па момчето одлучило да направи нешто во врска со тоа.

Кога не бил на училиште или немал домашна задача, оваа прекрасна момче заработувало по некој долар така што им ги косел дворовите на соседите. Тој ги шедел парите, но на оваа голема идеја дошол кога на ЈуТјуб видел некои други деца, многу постари од него како им приготвиле изненадување на родителите купувајќи им автомобил.

На почетокот мислел дека нема да успее во својата мисија, а потоа еден ден во огласи нашол бел Шевролет Метро, кој не бил многу скап. Сепак, тој немал доволно пари.

Колку многу сакал да ја изненади неговата мајка говори и следниот чекор, кој го повлекол – на сопствениците на автомобилот им го понудил својот Xbox како замена.

-Автомобилот беше навистина евтин и ја прашав сопственичката дали би можел да го понудам мојот Xbox, или да направам нешто што ќе ми го пресмета во цената. Таа првин одби, а потоа се предомисли и се согласи, изјави Вилијам.

По разговорот со сопственичката на автомобилот, тој и ја соопштил радосната вест на мајка си. Не му поверувала, па отишла кај жената која го продала автомобилот и се уверила во целата приказна.

-Беше уморен што ме гледаше дека постојано плачам. Во тешките моменти за мене застана мојот син. Секој минува низ тешки животни моменти, но секогаш може да се случи нешто добро во секоја ситуација сѐ додека се бориш, вели мајката на Вилијам, Кристал Престон, и додаде:

-Се изгубив, вриштев од среќа. Колку тринаесетгодишни познавате кои на мајката и купиле автомобил? Јас не знам ниту еден, ниту пак сум слушнала за таков случај. Не можам да ги опишам чувствата. Нема зборови да објаснам колку сум горда“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -