13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

(ВИДЕО) Што ќе кажете, дали добро глуми – Лила Филиповска гостин во епизода на „Преспав“

Минатиот понеделник почна да се емитува третата сезона од популарната македонска серија „Преспав“, а освен веќе познатите ликови на тимот му се приклучи и Бугарката Преслава.

Вчеравечер на Македонската телевизија се емитуваше епизодата насловена „Селски туризам“, а на крајот се појави специјалната и позната гостинка во пансионот.

Имено, продуцентите ја избраа познатата ТВ водителка Лила Стојановска која на кратко се појави како неочекувана гостинка кај преспанци. Во врска со ова свое поинакво искуство пред камери, Лила на својот Инстаграм напиша:

“Одам полека…нешто као сум многу лабава. Во вечерашната епизода на ситкомот “ПРЕСПАВ“ се појавувам кратко ама искуството е феноменално и благодарам на екипата за оваа можност и што бев во друштво на феноменални професионалци.”

Видеото погледнете го на нејзиниот Инстаграм профил – ТУКА

поврзани објави

Последни објави