6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Јоци до Груевски: Уште не знаеш запирки и наводници каде да ставиш а премиер беше 11 години

Откако екс премиерот Никола Груевски се присети на далечната 1991 година, кога се осамостојуваше државата, а тоа го сподели на социјалните мрежи, наиде на остра критика од новинарката Јорданка Ивановска Јоци.

Груевски во својот најнов фејсбук статус по повод денот на независноста, го опишува моментот кога стоел на плоштадот, во исчекување на резултатите од гласањето на референдумот.

„Бев студент и само што бев наполнил 21 година. Вечерта на 8 септември кога дојдов на плоштадот, тој беше веќе полн и во исчекување на резултатите од гласањето на референдумот. Додека стоевме и чекавме објавување на резултатите се сеќавам дека искоментарав дека всушност денес правиме држава, пишува Груевски.

На долгиот статус Груевски доби критика од новинарката дека уште не научил каде се ставаат запирки и наводници, додавајќи дека бил премиер цели 11 години.

Краток расказ за пролетта на Никола, 2-б одделение. Туку, човеков, уште не знае запирки каде да става. И наводници. Се` му е исто. Реченицата му трае, и траеееее, до недоглед. Да не зборувам за ,,дејуре” и ,,дефакто” што уште не знае да ги оддели, а премиер беше 11 години, пишува Јоци.

https://www.facebook.com/joci.jocik/posts/10219720750949203

поврзани објави

Последни објави