fbpx
7.8 C
Skopje

Екс премиерот Љубчо Георгиевски со интересна честитка по повод денот на независноста на Македонија

АКТУЕЛНО

Екс премиерот и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски кој во 90-тите години беше еден и единствен кој зборуваше за независна и самостојна Македонија, држава со своја валута, армија и репрезентација, денеска по повод 28 годишнината од независноста на државата се огласи со интересна честитка на својата официјална фејсбук страница.

Кога ќе се сетам колку големи Југословени бевме количински и содржински добро е што стигнавме до 28 години независност. Честито државност, напиша Георгиевски.

Инаку, признание дека Георгиевски бил водач на таа група која се борела за независноста на државата пристигна и од Панде Колемишевски, еден од соработници на Киро Глигоров во 90-тите години. За тоа освен Колемишевски пишуваше и Ал Џезеира односно познатиот новинар Горан Милиќ кој вели дека токму Љубчо Георгиевски бил првиот политичар рекол „Македонија мора да биде независна држава“.

Кога ќе се сетам колку големи Југословени бевме количински и содржински добро е што стигнавме до 28 години независност. Честито државност!

Posted by Ljubco Georgievski on Sunday, September 8, 2019

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -