14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ФОТО: Најдобрата македонска фудбалерка му носи среќа на ПСЖ, за убедливо водство против Барселона

Најдобрата фудбалерка на Македонија, Наташа Андонова пред десетина денови се пресели во женскиот тим на Пари Сен Жермен, а вечерва се наоѓа на „Паркот на принцовите“, како поддршка за машкиот клуб.

 

Без дилема можеме да кажеме дека и нашата Наташа е една од среќните амајлии на тимот на ПСЖ, кој на полувреме во осминафиналето од ЛШ имаше 2:0 против Барселона, додека по еден час игра имаат и 3:0.

Како и да заврши натпреварот, јасно е дека Андонова е среќа за машкиот тим на ПСЖ како и огромно засилување за женскиот тим на ПСЖ.

поврзани објави

Последни објави