3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Група македонци од Мелбурн го запалија бугарското и грчкото знаме, но и македонскиот премиер Заев и Радмила Шекеринска

Неколку македонски иселеници во Австралија, на кои не може да им се види ликот поради дуксери со капуљачи, во текот на вчерашниот ден пред македонскиот конзулат во Мелбурн протестираа против промената на името.

Како што информираат тамошни медиуми, запалени биле бугарското и грчкото знаме, но и картонски макети со ликот на првиот човек на македонската влада Зоран Заев и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Истата група извикувала „никогаш Северна, само Македонија“, а упатувала и навреди кон македонскиот премиер Зоран Заев.

The Real Macedonian Flag Raising Pt1

Posted by ONLY Macedonia, САМО Македонија on Saturday, September 7, 2019

поврзани објави

Последни објави