Неверојатна приказна пренесуваат медиумите во светот за Кејси де Пекол, која стана првата жена која на само 27 години ги посетила сите 196 земји на светот.
Таа својата авантура ја нарекла Експедиција 196. Истата започнала на 24. јули 2015. година, а завршила на 2. февруари 2017. година. Целосното патување чинело 198.000 долари.
Брзо мудрата Кејси успеала да најде спонзори, па мал дел од финансиите дала од себе. Таа раскажува и дека воопшто не било лесно, но на крајот исходот бил и повеќе од исплатлив.