Започна судењето за убиството на Алмир од Куманово

109

Денес во Куманово започна судскиот процес за убиството на малиот Алмир Алиу кој почина на суров начин, со удар од возило управувано од Бобан Илиќ, по претходна расправија меѓу возачот и родителите на Алмир.

Пред почетокот на судското рочиште, револтирани од ваквиот однос, мирен протест одржа невладината организација „Зани“ од Куманово.

Малиот Алмир беше прегазен на 25. јуни минатата година, во близина на неговиот дом во Куманово. Тогаш Илиќ влегов во расправија со таткото на Алмир, по што со својот автомобил го прегазил дететото, кое почина на пат кон болницата.

На судското рочиште се очекува да се појават и три лица, меѓу кои и таткото на Алмир, Седат Алиу, кои како што тврдеше Бобан го нападнале, поради што тој бил приморан да бега и случајно го прегазил малиот Алмир.