23.8 C
Skopje
Friday, April 25, 2025

Кавадарци преку јавна расправа ќе бара решение за загадувањето

Градоначалникот на Општина Кавадарци даде предлог, кој беше прифатен – јавно да се дебатира на тема екологија, која ќе биде насловена „Состојби и можни решенија за надминување на проблемот со сезонското загадување на воздухот со ПМ 10 честички“.

Не постои услов за да бидете член на оваа дебата, каде покрај граѓаните ќе се појават и претставници на НВО секторот, кои исто така ќе имаат можност да ги истакнат своите тези околу овој проблем.

Дебатата ќе се одржи во Општината во големата сала, а истата ќе започне во 12 часот. Ова доаѓа по реакцијата на еколошкото друштво „Еко-живот“ од Кавадарци, но и сите граѓани во градот кој е еден од најзагадените во земјата.

поврзани објави

     

Последни објави