fbpx
7.8 C
Skopje

НДМ: Ги повикуваме Груевски и Заев за Македонската платформа основа да земат од Меморандумот за Македонија

АКТУЕЛНО

Народното движење на Македонија (НДМ) излезе со соопштение во врска со иницијативата за Македонска платформа на македонските партии. Тие апелираат до лидерите на двете најголеми партии од македонскиот блок, Груевски (ВМРО – ДПМНЕ) и Зоран Заев (СДСМ) како основа за Македонската платформа да го земат нивниот Меморандумот за Македонија

Во продолжение интегрално во го пренесуваме дописот од НДМ:

„Народно движење за Македонија ги поздравува иницијативите од одредени партии, интелектуалци, експерти, новинари, академици… за донесување на македонска платформа за заштита на виталните национални и државни интереси.Меѓутоа, НДМ предупредува дека прави голема грешка секој оној што мисли дека во изготвувањето и прифаќањето на една македонска платформа е доволно да учествуваат структурите кои се дел или блиски до власта.

Оттука, НДМ апелира со донесувањето на еден стратешки документ за националните и државните интереси најпосле да се изрази домашното единство како најсилна брана против секаква внатрешна или надворешна закана.Затоа, за правењето на овој фундаментален проект е потребно најпрвин да се обезбеди национално единство на поширока основа со вклученост на позициски и опозициски фактори во земјата и во оваа насока веднаш да се започне со потребните активности.

Ја користиме приликата да ги повикаме Груевски и Заев како најодговорни во моментот за иднината на земјата, како појдовна основа за македонската платформа да послужи Меморандумот за Македонија за виталните национални и државни интереси кој лично им е доставен од страна на НДМ на 4 јануари 2017.Се разбира, не се лутиме иако има обид Меморандумот на НДМ како национална платформа да се прикажува во јавноста како туѓа иницијатива, бидејќи, подобро е да се спроведуваат добри идеи за опстанокот и просперитетот на народот и државата отколку безмилосно да се расправаме на штета на националните и државните интереси“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -