„Слушам, дека ВМРО-ДПМНЕ во Битола, започнала некаква патриотска иницијатива за да го вратела духот на патриотизмот во градот. Да го вратела името, да го вратела знаемето или не знам што. Почитувани, бевте 11 години на власт и ако толку многу го сакавте старото знаме на нашата земја, имавте можност во тие 11 години да го вратите. Не продавајте популизам туку вратете ги парите, коишто тие 11 години ги искрадовте од нашите даноци и од иднината на нашите деца“- изјави Петар Колев од Битола за време на отворањето на локалниот клуб на неговата партија ГДУ во градот.
На свеченоста, која што се одржа во хотелот „Премиер“ беше претставено и локалното раководство на партијата.
За претседател на Локалниот Клуб на партијата е избран Благојче Трајковски, а неговиот тим го сочинуваат потпретседателката Марија Евтимовска и секретарот Борче Каревски.