16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Трамп оствари средба со првиот човек на Фејсбук Марк Зукенберг (Фото)

Главниот извршен директор на Фејсбук, Марк Закерберг, се состана со американскиот претседател Доналд Трамп, откако беше остро испрашуван од конгресните заменици за неуспесите на социјалната мрежа во заштитата на приватноста на потрошувачите.

Трамп, кој повеќе пати го критикуваше Фејсбук, обвинувајќи го дека е пристрасен во корист на демократите, по состанокот објави фотографија со Зукенберг на Твитер и напиша дека станува збор за „убава средба“.

Фејсбук соопшти дека еден од шефовите на компанијата имал „добра, конструктивна средба со Трамп во Белата куќа“.

Ниту една страна не даде детали за разговорот меѓу Трамп и Зукенберг.

Фејсбук е постојано критикуван за своите грешки во однос на приватноста на корисниците, изборните активности и нејзината доминација во мрежниот маркетинг, за кои се соочува со барања за повеќе правила и анти-монопол истраги.

поврзани објави

Последни објави