6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Бизарно: Капитенот на Гана доби парична казна поради фризурата

Една интерсесна и помалку бизарна  вест доаѓа од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Капитенот на Гана, Асамоа Гијан, кој настапува во Ал Ахли како позајмен играч од Шангај е парично казнен поради фризурата која ја носеше во текот на Африканскиот куп на нации во Габон.

Имено тој имал фризура со шара во обликот на бројот три, што се коси со правилата на Фудбалскиот сојуз на ОАЕ.

Поради оваа причина казнени се уште 45 играчи. За Гијан ова сигурно нема да представува некој проблем, со обзир на тоа дека тој неделно заработува 268 илјади евра.

Инаку Асамоа Гијан е вистински лидер на репрезентацијата на Гана и е рекордер по бројот на настапи (100) и по бројот на дадени голови (49). На последниот собир го освоија четвртото место.

 

 

 

поврзани објави

Последни објави