Иницијативната група „Обединети за фудбалот“ која се залагаше за промени во Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) денес одрша прес-конференција.
На јавноста прв им се обрати поранешниот селектор на младата и сениорската репрезентација на Македонија, Мирсад Јонуз чиа кандидатура за претседател на ФФМ беше одбиена.
„ФФМ им вети на Шкендија дека ќе биде првак а екипите на Брегалница и Победа ќе изборат опстанок во лигата. Тоа ќе донесе уште поголема лакрдија и многу поголеми проблеми. И сетоа ова со ждребувањето на судиите е навистина голема лакрдија“ изјави Јонуз.