14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Велика Британија во страв: Научниците тврдат дека астероид може да го уништи Обединетото Кралство (ФОТО)

Астрономи од НАСА соопштуваат дека во скоро време орбитата на Земјата постои можност да се спои со орбита на астероид, а тоа ќе предизвика силен судир меѓу двете вселенски тела. Тоа беше објавено на официјалната страна на НАСА.

Спојувањето на орбитите е предвидено да се случи во периодот од 16-24 февруари. Според првичните податоци, астероидот може да помине на растојание од 50 милиони километри од Земјата, но според повеќето прогнози, тој може да удари директно во Велика Британија.

Имено, дијаметарот на астероидот е помеѓу 500 метри до километар. Во случај на навлегување во атмосферата на Земјата, тој може да не изгори целосно.

Според научниците, доколку астероидот падне на Земјата, тоа може да предизвика силно цунами во Атлантикот што целосно ќе ги уништи крајбрежните области.

поврзани објави

Последни објави